низ (предл.) - одаја (имн.)

Го враќа перото во шишето со мастило, повторно го опфаќа цртежот со поглед, потоа, држејќи ги рацете на грбот, шета низ одајата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Шета Богдан со очите низ одајата, ја гледа светната и исполнета со воздух и сонце.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сандри се стресе, зашто помисли дека бегот видел како тој досега само шараше со очите низ одајата, и особено кон вратите што требаше да се отворат за послужувањето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не поминаа ни десетина-петнаесет минути, само што го допиваа шербетот анамите, а кадијата за сето тоа време се шеткаше нервозно низ одајата, вратата се отвори и на неа се појави Ајша со Сефедина, носејќи ја Анѓа на раце изврзана со дебела ортома од градник до глезни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И на нејзини очи ќе им ги пресече џелатот главите со секирата! – Пак тропна со ногата и зашета нервозно низ одајата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата се намурти, ја наведе главата, си ја помазна брадата, почна да си го поткаснува десниот мустак и зашета низ одајата, очигледно растревожен за неуспехот на неговите луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се загледа низ одајата, со погледот помина по сите познати предмети од кои еднаш неделно со години го бришеше правот, чудејќи се како можело пак да се нафати толку многу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секогаш кога ќе ја покажеше фотографијата на некој посетител, татко ѝ рамнодушно ќе речеше: – ’Тој сега е во Мелбурн.’ Таа се согласи да замине, да го напушти својот дом.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но и покрај тоа, тој не ја оставаше на мира: ѝ доаѓаше во сон пресоздаден во бубачка, во онаа иста бубачка што таа ја отепа на ковчегот негов; ја подотвораше полека вратата од одајата како човек, и влегуваше внатре, лазеше по подот, се качуваше на креветот, лазеше по покривката одејќи ѝ кон главата; таа скокаше исплашено, се собираше в клопче на едниот крај од креветот, а кога таа и понатаму ќе продолжеше да оди кон неа, таа ја удираше со нога, со рака, со перницата, ја гмечеше, но бубачката ништо не чувствуваше и пак продолжуваше да лази кон неа; таа скокаше од креветот и бегаше низ одајата, но и бубачката слегуваше од креветот и продолжуваше да оди кон неа; ја удираше со метлата, ја удираше неколку пати, силно, но бубачката само се превртуваше на грб, а потоа пак одвртуваше и продолжуваше упорно да лази кон неа; кога ќе ѝ дојдеше до ногата, таа пак ја удираше силно со стапалото за да ја смачка, но бубачката се престоруваше во дијамантното камче од амајлијата на Илко и неа ја заболуваше стапалото при ударот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Си ги зедов фанглата и мистријата, да ми се живи, си реков и продолжив да си работам како што си работев и пред тоа, мирно, спокојно... - ја чепна Илко со клечката лулата, ја разгоре, почна да трга и да исфрла кругови од чад што се распарчуваа низ одајата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)