низ (предл.) - око (имн.)

Невозможно е да се согледа стварноста, освен гледајќи низ очите на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го познавам и чувствувам овој трепет на усните, овој страв да заплачам како дете, страв претворен во гнев, страв да простам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубов која прави да гледаме во светот низ очите на божественото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ми иде срцето да си го растопам и исцедам низ очи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Солзи потекоа низ очите на Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Попот го остави алатот на клупата, која му се служеше и како стол и како тезге за работа, поинаков, скоро непознат, без магија, во стари панталони и во кошула со многубројни риги: го загледува довчерашниот свој противник и сака да му ѕирне низ очи во душата, да најде што смислил тој и не му готви ли примка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А луѓето, луѓето имаат сируси во главите, кои им излегуваат низ очите, како сунгерестите димови кои се издигаат од тлото, распукано од врелите дождови.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Им ѕиркам во дното на душата низ очи: сенката е магијата на квадратот, удира егзија некаков нов геометриски знак, изместени се местата на играчите, страните на светот, правилниот распоред на редовите, дијагоналите, коњите, војниците, идеалот на магичниот квадрат за четворица и воопшто направена е материјална дигресија, чисто предавство на знаковната интервербална комуникација со слика, збор и звук.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се повлекувам уште повеќе во аголот, го повлекувам потегот, може ли се да вратам назад, си велам, велам на глас, а го слушам ехото, екотот на забрзаната цивилизација што сложно ми вели: Не! Нема назад!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)