низ (предл.) - снага (имн.)

Силен тресок што долета откај општината ни струјна низ снагата и ни ги сниша нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Никогаш нема да ја заборавам; првин, ноќта како да распукна пред острината на пиринскиот врв, потоа пак сѐ поцрне, за да се искапе, малку потоа, снежниот врв во белината што почна да паѓа низ него, како превез низ снагата од мома.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Секогаш кога ќе зборуваше за својата татковина, морници му минуваа низ снагата, едноставно, намовнуваше како искубан петел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И тогаш некоја покосница ми поминува низ снагата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во истиот момент топол бран од олеснување му помина низ снагата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш некоја покосница ќе ми помине низ снагата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)