низ (предл.) - срце (имн.)

Во овој најнов роман, Старова, кој веќе е познат како мајстор на прозната реч, се решава на една експериментална наративна постапка: со минимум дејства во наративната арматура, да ни состави романескен мозаик за нашиот балкански вавилонски синдром.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Течи ми водо студена! Течи си — рони брегови! Течи - и нам низ срцето нели и крвта ни тече?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
„Помош, ми треба помош!“ мислата почна грозничаво да му работи во главата додека со раката си го притискаше местото на болката на градите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но не спомна која патека низ срцето врви и каква река тече таму и кој дивеч доаѓа на поило.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Како некој меч да го прободе право низ срцето и се зари некаде длабоко, длабоко во неговите гради.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Третата ми минува низ срце.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Роман што може да се напише дури откако низ рацете ќе поминат многу книги, низ душата многу премрежија, а низ срцето на детето многу сцени кои од него прават дете што се сеќава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)