низ (предл.) - цевка (имн.)

Или да погледнете низ цевката или пак - тој го исправи малиот прст и, пикајќи го полека во цевката, доврши - со овој прст...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Остани уште малку... – тивко прозборе Трајанка а гласот како низ цевка да си го слушаше...како низ сито...во грлото горка солза голема се запна тука, па не мрда...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Забрзувањето што го добива куршумот кога ќе се изврти низ цевката, барутот што се распрснува, пробивноста на забрзаниот метал со заоблен врв во однос на другите текстури, особено месото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Седум и пол, - одговара познат глас низ цевката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога со тоа беше готов, со ножето изделка друго чамово дрвце, така колку да може да се протиња низ цевката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го слушна неговото кркорење низ цевката додека заминуваше кон царството на фекалиите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се сеќавам како одеднаш затреперив од ужас кој ме обзеде кога слушнав дека една бубачка тропка низ цевката.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Го чистиме оружјето и низ цевките гледаме в небо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Низ цевката можело ѕевгар волови да помине. Сосе кола натоварена сено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така низ цевка го здогледувам и капетан Мирковиќ. Надгледува, развикува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)