низ (предл.) - вистински (прид.)

Моите намери беа добри, но со нив минав низ вистински пекол?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едно имплементирање има потреба само од чекорење низ вистинските симболички состојби според вистинските правила.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Камилски мина низ вистинска аскеза додека војуваше со овие пет опасни турцизми, кои ги поврзуваше со својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Голи Оток, во името на нашето превоспитување, наводно поради сталинскиот грев, нѐ принудуваа да минеме низ вистински физички душевен пекол.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јасер Арафат ќе мине низ вистинско чистилиште на својот пат кон Палестина, преполн со жртви, страдања, кој ќе води преку многу Сабри и Шатили, за на крајот да стигне до северноевропскиот град Осло, блиску до можниот мир но далеку од суштинското враќање во Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој согоруваше во својата прометејска цел како непоправливата волја на Сизиф, но и на Дон Кихот, кој не престанува да ја одржува својата борба со ветерниците, охрабруван од силните илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)