низ (предл.) - густ (прид.)

Пожолтена ѝ врие крвта одгрутчена црвеница дише низ густо набрекната мрежа жили.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
На некои места, само низ густите лисја на дрвјата, може да се наѕре одблесокот на морските бранови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Десетина минути не влечеше низ густо населените предградија и квартови а потоа се случи првото наше запознавање со овој најголем холански град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На отворена линија, која се спровира низ густо населени места, експресот брза и со над сто километри на час.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ветерниците некаде служат како украси а некаде функционираат и тоа, главно во растурањето на водата низ густите каналски мрежи по полињата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Околните буки фрлаа над нив дебели сенки, а Сонцето, кружејќи по небото, во поголем дел од денот низ густите лисја фрлаше снопови шарена светлина и си играше со нежните есенски треви.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Ако мислите да почивате, - му довикна на Претседателот низ густиот рој снежинки, што виореа меѓу нивните лица со побелени веѓи, - почивајте откако ќе ја префрлите Големана Пресека. Немојте никако пред тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
То наѕирав низ густите лисја како ја полни капата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
5 Се изненадиле, доколку душевното мртвило им овозможувало да примаат со преморените сетила впечатоци привидно далеку понезначајни од последните кршења на двоколките, едната на оној Герасим од Побожјане што еднаш ја боледувал таа мака, втората на сипаничавиот Јован Стојче-Столетников: доаѓала сама, нема, намалена, се пробивала низ густо распослана невидлива пајажина што повеќе заплашува со својата лепливост отколку што претставува пречка, чудно мавтала со слаби раце пред лицето, брзала кон нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговите потиснати мисли биле далечни еха на тие зборови но со поинакво значење; го предупредувале да го предвиди и најмалото зло што можело да ги демне од своја тврдина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ернст возеше низ густа завеса од дожд и мрак, а јас веќе ги бев исцрпел сите теми со кои дотогаш ја разбивав монотонијата на возењето.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ова рахитично патче оставајќи го зад себе работ на шумата наеднаш излегува на зачудениот рид како патецот низ густите кадри што наеднаш втасува на голото теме.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Без да почувствуваат замор, се движеа нагоре, како две мали точки низ зеленилото, пробивајќи се полека низ густите гранки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сјајот на неколебливото човечко око лесно се пробива низ густите гранки на збрканиот ум на неразмуниот човек, го топи мразот на тврдоглавоста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Воопшто не беше лесно да се трча низ угорница, низ густите гранки, да го види бикот, освен тоа што можеше да го наслуша неговото рикање, во не многу кратката далечина; Останатата контрола над бикот, беше, скоро невозможна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Движејќи се низ густите дабови стебла, старецот подзапре и покажувајќи со раката на едно дрво, рече: -Во дабон има дупка на диви пчели. Оттаму доаѓа брмчењето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Градот ги отвори скриените тајни ноздри во своите црни ѕидови и еден силен вцицувачки вентил во телото на градот ги вовлече воздушните луњи низ внатрешните канали, низ густите филтри и собирачите на прав, до фината и треперливо прецизна низа на навивки и мрежи што блескаа со сребренеста светлина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)