низ (предл.) - мек (прид.)

- Фатени за раце трчаат низ оросена ливада, низ мека трева некосена.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Младичот повторно го чу (низ мек шепот, како да го храбри за „лека ноќ“) своето галено име.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)