низ (предл.) - прв (прид.)

Без отпор за чудата околу себе, лесен и бос, појде со иконата, под грмотевици и низ првите капки дожд, и пребрзо, небаре во сиот живот таму бил, се најде во манстрискиот двор, во кој од плочата на грбот под бушавата смрча се избришало името на игуменијата Манадора, со коски в земја и со душа над неа, рамно сто и дваесет и пет години.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Посебноста на тој говор доаѓа до целосен израз низ првичната перцепција, низ првиот допир на детето со видливото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)