од (предл.) - четириесет (бр.)

— Јас сум од четириесет и деветтата ваму, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама вака, со старци од шеееет и пет и седумдесет години, тој од четириесет, ѝ се виде момче за мерак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Товариш Хрушчов, велиме, ми каманисти од Југославија, ние револуционери и борци од четириесет и прва година, од грчка Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Секој што е помлад од четириесет и пет години е совршено способен да си ги допре ножните палци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се стемни додека ги исшета само неколку од четириесетте, појде од Тахта-кале маалото, па по Капан-џаде и Гази-Лала, слезе на Карадак и Кебир Челеби, а додека севезден се ѕвереше нагоре, небаре од ова или она ќоше на сокаците ќе го види туљбето на Гази Баба, снегот редеше и редеше, и врз неговите опинци и опутите, и врз клепките, ушите завиткани во шал, така и врз керамидите на куќите што му се бендисаа, убави куќи, ниски и двокатни, градени цврсто од тврд керпич, од чии пенџериња го гледаа вцрвенети детски обравчиња што крцкаат оревчиња, а лушпите не ги фрлаат надвор, преку џамот, туку ги собираат и метат како што е редот на чистотата и како што игуменот ги подучуваше во манастирот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Ние сме од четириесет и четвртата, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)