од (предл.) - оној (зам.)

Велеа дека и онаа чешмичка во горниот дел од Маказар, единствената во тој дел од која се служат луѓето за пиење и за домашни потреби, ќе секне, зашто и таа била носена, дамна, од оној предел горе над патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Под нас беше Маказар, опишано уште од Евлија Челебија и подоцна, во 1858 година, од оној германски патописец по име Јохан Барт, кој велеше: „... Маказар, село со седумдесет куќи и околу 280 жители.“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ако не е баш тој што зел в џеб од оној Шабан“, се јави некој од толпата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ворхол во филмската традиција Ворхоловиот однос кон филмската традиција е поинаков од оној кон сликарската, па затоа е потешко да се постави во историјата на филмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во сликарството неговиот пат одеше од илустратор и дизајнер до ексклузивен портретист, а во филмот обратно, од езотеричен авангарден автор до продуцент на комерцијални филмови и видео-спотови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Всушност уште од оној ден кога учителот нѐ задржа на сослушување...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А тој уште од оној миг кога за првпат го слушна името на девојчето, почна во своите мисли да го изградува и нејзиниот лик: „Би морала да личи на татка си, височка е значи, има дупчиња на образите, крупни црни очи, црна коса што слободно ѝ паѓа врз белото чело...“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Целата долина, од оној врв, Чукарот, кој како шилец се вишеше над столетната букова шума од северната страна, па до Рамните Ливади, три, четири километри подолу кон југ, се викаше Гогов Валог, според името на некој пра-пра Бојанов дедо кој ги расчистил и разорал плодните падинки покрај поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, кој од оној свет се вратил? Камо таков човек? Сѐ уште силен е Харон...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се изживуваше така цел час, и јас куртулив само затоа што по телефон му се јави чистачката и му соопшти (слушалката на телефонот беше многу силна и тој, колку и да ја притискаше до увото, не можеше да го сокрие разговорот) дека се дојдени некои муштерии кои би сакале да купат некаков текстил од оној што тој го шверцува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден ден брат ми реши да ми покаже дел од она за што Сара, Клара и јас имавме само слушнато.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дознававме и дека тоа исто време носи во себе и еден поинаков свет од оној за кој отворено се зборуваше и кој можеше да се види преку ден – зад премолчувањето на сексуалноста се криеше неискреност и хипокризија. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојот впечаток е дека верувањето во текстот произлегува од вистинитоста на тонот, од оној внатрешен говор кој на сцена го препознаваме како „логичен акцент“, во секојдневниот живот како лага или вистина, а во литературата како симулирано или стварно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И тие четириесет и три мали тврдини од оној свет - камен врз камен, во пукнатините на ѕидовите гнијат диви треви, врз истоштеноста легнале неотпорни покриви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Минало времето на светците, синковци. Овој век е поинаков од оној вчера.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повторувал - светец, посник. - Светец, воздивнала со прекорно сомневање игуменијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
МЛАДИЧОТ: Од оној ден кога ме симнаа комитите од дрво во чии гранки ме скри мајка ми за да ме спаси од колењето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогаш беше сосема инаков. Од оној крениглавец Арсо не останало ништо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се чинеше дека поминало многу време од оној разговор со Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги затвора очите и продолжи да ги преметкува мислите што го опседнуваа од оној ден кога почна расправијата меѓу него и Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа е делот што не го сакаат и како да не ме раскинува однатре чувството дека ме тепаат или дека снегот ми влегува во чевлите кога Луис Марија игра со мене и неговата дланка на мојата половина ме опива како пладневната топлина, вкусот на силни портокали или на дробени бамбуси, а неа ја тепаат и не се издржува, па тогаш мора да му речам на Луис Марија дека не се чувствувам добро, дека е од влажноста, влажноста од оној снег што не го чувствувам, не го чувствувам и ми влегува во чевлите. 25 јануари Јасно, дојде Нора да ме види и се случи сцена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сиротата Норичка, нека ја придружува некоја друга. (Ова сѐ повеќе личи на казна, сега само се познавам таму кога ќе сум среќна, кога сум среќна, кога Нора пее Форе се познавам таму и не останува ништо освен омразата).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Држењето на телото, ритамот на дишењето, правецот на погледот, изразот на лицето и тонот на гласот на секој од учесниците означуваат или отвореност и дозвола да се напредува побрзо, или пак вознемиреност и барање разговорот да се успори или привремено да се прекине. Andersen (1991) предлага ритамот на разговорот да не биде побрз од оној на најколебливиот учесник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И навистина, дури казанчето водопадно се излеа, листот на себе ги носеше сите делови од самотната сложувалка, со боја на црн креон, во подобар ред од оној на веќе размачканото огледало.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Патот што му го зададе сега, беше сосем различен од оној по кој дојде и го одведе на сосем друга железничка станица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беа тоа само неколку зборови на охрабрување, од оној вид зборови што се изговараат во вревата на битката, поединечно нејасни, но кои ја враќаат довербата со самиот факт што се изговорени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многу нешта во него се променија од оној прв ден во Министерството на љубовта, но крајната, неопходна, заздравувачка промена никогаш не се случи, сѐ до овој момент.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Правеа со брата му Јована во турско време ќерамиди во Витолишча и добија пријатели. Каков поголем пријател можеше да има селанец од оној што го спаси да не ја менува секоја година сламата или 'ржањето на куќата и пак зиме да седи во виришта и мразурки на сред куќи?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Троа од воа, троа од ноа, нека ни се живи дечињата и некој к'смет да му навее господ на браче Трајка и браче Илка, ќе си поминиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Што се однесува до Јана и Катерина, нив ги сметав за обични марионети во рацете на големиот мајстор на манипулациите, на човекот кој според моите сознанија влезе во животот предводен од својата машкост!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури подоцна узнав дека човекот од сонот е бесмртен за разлика од оној од животот!) Значи Мирко Бунде требаше да биде прв егзекутиран.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Благодари му на Господа што се извлече толку лесно од оној овчеполски порој и престани да грешиш".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Фрлен на ѕидот, додека пред него минуваа исклештени карневалски маски, се стресе од оној непријатен грч во стомакот што секогаш го напаѓаше од реата на толпата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сигурна сум дека од оној пат, кај камењата, не сум се составила со Никифор. Не сум легнала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Необичната риба од оној ден кога се најде во торбата на дедо Гога никогаш веќе не се ни обиде да скокне над водата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)