од (предл.) - апарат (имн.)

Преку пантолони ми го фати како кога докторката ќе ја фати пумпата од апаратот за мерење притисок, ме стегна неколку пати како да сум некоја молзница и мене толку ми требаше – почувствував како малаксувам од изџвркување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се потпре со дланките на креветот и малку се поткрена, обидувајќи се да стане и да зачекори, но нозете не ѝ беа доволно силни и таа седна немоќно уривајќи се на креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара започна да ги ослободува нозете од апаратите, ги отвори кај глуждовите, па кај листовите, кај колената, кај натколениците, кај бутовите, и потоа ги остави на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)