од (предл.) - бања (имн.)

Летувачите од Охрид и од Крушево, болните од бањите, се враќаа дома не чекајќи да им изминат трите недели.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зелена и лете и зиме, тука виреат многу видови растенија. Зиме се одгледуваат со топлите води од бањите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сакав да ги исечам ноктите но ме фати страв за плафонот на катот под мене. Истрчав од бањата немочан.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Тој се повлече уште повеќе во себе, особено откако пред една година ги вратија од бањата на Каплан. Го паметеше тоа убаво Ѓулсиме.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не осетив кога влезе за да ме изведе од бањата, од огледалото. Поминала фортуната и ме изведе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Бил херој, иако не го запишале како таков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Подоцна ќе дојде Боге од Бањи – рече Даскалов додека го симнуваше ранецот од рамото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа воздивна но беше очигледно дека воздишкава не искажуваше премореност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Татко ти е мртов херој“, ми рече Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто ти не ми го кажа тоа? Или не знаеше?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Иване, татко ти го убија, и тоа од поодамна, а и мајка ти е мртва.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кате излегува од бањата, завиткана во бел чаршаф, со турбан од пешкир на главата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)