од (предл.) - братучед (имн.)

Кротко ја зеде не тргајќи го погледот од братучедите, како змија пред погодок.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не тргајќи го погледот од братучедите, овој му рече пак на Миладина: - Ајде, Миладине, извади му ја од појасот онаа матарка на оној што личи на вол.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од братучедот ми се познанијата“, вели војводата и покажува кон дедо ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не му е важно да биде старешина на имотските сојови (а да не биде глава на сиот сој Перуноски не може, зашто е најстар и од браќата и од братучедите) но ако не го сменил од старешинството сигурно нема и да го руга, а тоа, да не го руга пред луѓево за она за кое сам тој не може да престане да не се руга, најважно му е од сѐ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)