од (предл.) - вир (имн.)

Постојано сакаше да биде во движење, да подработува нешто или да шета или да ги движи мислите со мудрости што ги имаше донесено со себе од светот; и пиеше само вода што се движи; никогаш не пиеше вода што стои: од бунар, од вир, од локва и колку таа да беше чиста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бојот долж реката, која истекувајќи од вирот, откако после километар, два, кај новата железничка станица, ќе се протне под железничката линија, се дели на два крака: со едниот, горе, над Бучало, се влива во Бучинско Блато, а со другиот, кај местото Плазики, во Чепиговското Блато, се пренесе во Беговски Ливади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)