од (предл.) - возбуда (имн.)

Се нишавме двајцата во самарот, стиснати еден во друг, врели од возбуда која не смеевме да ја покажеме, та молчевме или само повремено ќе изговоревме по некој збор, за да ја свртиме трагата од возбудата за која бевме свесни и за која знаевме дека е забранета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Мислиш дека си одговараат?“ - ја праша жена си со замислен тон, не очекувајќи одговор. „Ти што мислиш?” - му одговори таа со ист тон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Изненаден од новата појава, Јехуда се сврте и го виде возбуденто лице на таткото на Алегра, се подврати ја извади капата збунето поздравувајќи со мал наклон и кревање на капата, а потем забрза да ја стигне девојката, која стеснета од возбуда, споро чекорејќи пред него во улицата, гледаше напред за да ги избегне љубопитните погледи на стариците од зад пенџерите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Арно ама, ете не излезе тој план како што го кроеше Толе во својот ум. Не било така лесно со коси, секири, крклизи и кременачки да се урива царштина од пет стотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сета негова душа трепереше од возбуда и напрежение што побргу да се турне Арсланбеј да се напади аскерот од Витолишта за да отрча кон Прилеп, Битола, Лерин, Воден, Солун, па да му отиде и на султанот во Стамбол да го турне од столот, за да не му мириса веќе никогаш на турчовина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да ви се ногу години, ефендилер, — проговори Трајко и со длабок поклон ги поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го вика мудурот за добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Бујрум — бег, си ме викал? — проговори како со туѓа уста.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Панде премале од возбуда. „Таа е...“ - го обзеде неискажливо блажено чувство.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И само на неколку часа пред враќањето, дали од возбуда, на Илинденка, која и пред тоа си била болешлива, ѝ препукнало срцето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И самиот бев изненаден и возбуден; сакав да ја ставам ногата на третата скала, но од возбуда дека ќе успеам, од прерана радост, ја изгубив рамнотежата и се дочекав на нозе долу, а скалата ме удри по главата и рамото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Логотетот гледаше во Филозофот стрештено, ја оближа сувата од возбуда усна и рече: „Пие“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Како решен?“, праша смерно и кротко Филозофот, додека мене крвта ми вриеше од возбуда. „Така“, рече Лествичникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од раскажувања знам кои беа тука, каква им беше живеачката, та затоа од возбуда ми треперат колената и полека, небаре се пробивам низ некоја голема мрачна сенка, пред очи ми се јавува сеништето на болните спомени што како наследство ми ги оставија моите родители и многу други кои во Перењас ги поминаа најтешките времиња по своето искоренување од родното место.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Сигурно е од возбуда. - Низ шега дофрли Виктор - Ова често им се случува на новосудените младенци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не, никако не било во прашање неовоземно чудо, како што можело да се претпостави со делче на пулсирањето во разбуричканата свест.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И земјата можеше да испука од возбуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не сака да си го растури огништето, тој само нуди да ѝ го збогати животот со мајчинство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Увото му побелувало од возбуда. Сѐ уште се нишала свесна за неговото мачење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник со воздишка се ослободил од возбудата: од движењето и од облеката на сенката се вообличувало недорасната девојка, русалка во селско што сега нашла што бара и клекнала наведната и неподвижна над некој од заспаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, Бути повтори грубо: – Благодарам, не ми треба. Седеше на малиот диван зад масата и занесено ѕуреше во сенката што постепено се згуснуваше во сопчето, додека во прозорците лека-полека згаснуваше последниот отсјај на самракот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Толку трепереше од возбуда што топката се тресеше, удираше во стакленото шише и можеше да се потпали. – Слободно?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ми се лоши од возбуда, чувствувам топли и студени бранови како ми го преплавуваат телото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мрмори нешто за флуидни нозе и заскитува некаде накај езерото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога го заробија непријателските војници и кога со другите заробеници го построија крај брекчето да го стрелаат, тој од селото, долу под брекчето, чу свирење на гајда и почнаа трпки да му врват по снагата од возбуда.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
При првите тактови, при првите чекори, од трема ли, од возбуда ли од тоа што одамна не играл, Богдан не беше сигурен во чекорите, грешеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Беше момокот Васе, со мало писменце кое таа го грабна, се затвори во собата и најбрзо што можеше го отвори. За малку не го искина од возбуда.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Истата вечер, по давањето збор, не може да заспие од возбуда па излегува да се прошета низ парискиот латински кварт каде што влегува во едно бистро и сосема случајно го запознава младиот, сиромашен пејач Пол кој и самиот доаѓа од Америка и студира пеење во Париз.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Камилски трепереше од возбуда поради укажаната чест.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Ах, мама мија, што си направил тоа, човеку... - цврцна од пагурот за да се успокои од возбудата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој не можеше да се воздржи од возбуда и просто зарева: – Анѓо?!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Студената плоча чувствуваше како му ги лади вжештените усни кои трепереа од возбуда и радост, ја бацуваше неговата икона и ја гледаше како првпат да ја гледа, ги гледаше очите на светецот кои светкаа задоволно, радосно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Не грижете се, ве молам... - им рече игуменот сѐ уште тресејќи се од возбуда.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Имам совет од татко ми за таа работа“, сигурно отцепи Петре, ама и закуца околу игуменот вцрвенет од возбуда.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Срцето силно му зачука од возбуда кога до кепенокот на дуќанот за петлици го виде изложеното цвеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од возбуда не успеа ништо друго да им рече на своите шумски пријатели освен едно срдечно „благодарам“.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Томчо се растрепери од возбуда. Одамна имаше желба да фати зајаче. А сега - еве го пред него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)