од (предл.) - возило (имн.)

Како што му растеше стажот на таксистот, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи и за самото животно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сепак, се снаоѓа: - Влечки? Вади влечки од возилото, С. ги навлекува, оди до замислената бања, тука моча и повлекува вода: - Ми фали кафе и кока-кола.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Надлежните од ЈП Дрисла велат дека причината за ова е инцидентот: едно од возилата на ЈП Комунална хигиена излетало од пристапниот пат што води до манипулативното дело во депонијата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еве ти сто – му ја подава Хорацио банкнотата на шашардисаниот таксист, необично лесно за човек од 111 килограми се извлекува од возилото и исчезнува во градскиот метеж.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)