од (предл.) - движење (имн.)

Работеше сѐ што беше потребно - готвеше, переше, крпеше, го местеше креветот, го метеше подот, бришеше прав од плочата над каминот - секогаш мошне бавно и со чудно отсуство на секаков вишок од движење, како восочна кукла што се движи сама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Товарните автомобили идната година веројатно ќе се исклучат од движењето по главните магистрали, ќе се отворат нови паркинг-плацеви, ќе се постават околу 40 нови семафори, а пешакот ќе добие предност пред автомобилот. Барем такви се очекувањата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од погледот, од движењата, од обноските - од сѐ на него се гледа: токму човек, баш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Поголемиот дел од движењата за национално ослободување го следеа истиот пат: со Фенон како пророк, тие попрво ја избираа етничката отколку „изборната“ теорија за нацијата и попрво се приклонуваа кон културниот идентитет - тој модерен израз за Волксгеист - отколку на „секојдневниот плебисцит“ или идејата за „вековно здружување“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вистина водата беше на почетокот млака, но штом ја свртев повеќе славината, започна неподнослив шум од движењето на водата веројатно под голем притисок.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не сосема. наслушнувајќи го кркорењето на човекот со куршум во градите, коњот со винско испарување во ноздрите, од движење на кобра го зграпчил со заби офицерот за едната страна на лицето и со тргање го разголил до коска.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А кога го крстивме, кога попот и другите луѓе се чудеа на неговата невообичаена големина, ти им објаснуваше дека и доктор ти рекол дека такво нешто може понекогаш да се случи кај некои мајки; тоа зависи од мајката, од исхраната, од движењето и времето во кое се раѓа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 29 Гордана Внук ПОСТ-ПОРН МОДЕРНИСТКИ ЖЕНСКИ ПРИСТАП КОН ТЕЛОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА ТВОРЕШТВО
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не, никако не било во прашање неовоземно чудо, како што можело да се претпостави со делче на пулсирањето во разбуричканата свест.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник со воздишка се ослободил од возбудата: од движењето и од облеката на сенката се вообличувало недорасната девојка, русалка во селско што сега нашла што бара и клекнала наведната и неподвижна над некој од заспаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)