од (предл.) - дел (имн.)

Кога се чу за тоа во Потковицата, Началството на Потковицата по заповед на Комитетот од Прилеп, плашејќи се за животите на преостанатите деца Младенови и Спасиини, двете веќе возрасни девојки, Марија и Акинија, ги омажи за свои луѓе од делот на Македонија под грчка окупација, во Солун, далеку од досегот на српските власти, а двете помалите, Софија и Нектена, ги испрати во Крушово, кај вујковците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Македонските делегати од делот на Македонија под Грција ја искажале решеноста во заедничка борба со грчкиот народ да ја продолжат борбата за демократизација на Грција и признавањето на националните права на македонскиот народ и неговото право на самоопределување.292
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Додека трчаше, од деловите на извиците дозна дека минува конвој со евразиски затвореници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беа без тапети, без декорација, без таписерии и молерај, а само изненадени со приклештени делови од искршени столови, од маси, од делови од кревети, просто расфрлани и заковани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во овој текст, земајќи го Rychlack како симптоматичен за ова ново антикомпјутерско интелектуално движење, одговараме на тие аргументи бранејќи ја AI и теоријата на персонален конструкт од дел на недоразбирањата и нејасностите коишто таму ги пронајдовме.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И тој продолжи: - Во природата се распаѓа само она што е составено од нешто: од делови, од честици, што е соединение.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во шеесеттите години се забележува засилено „националистичко” раздвижување во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според официјалните документи, по завршувањето на Граѓанската војна во Грција, во Македонија во 1955 имало 25.500 Македонци од делот на Македонија под Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Видеата, перформансите и дигиталните графики на Попоски ги истражуваат прашањата на идентитетот, територијата и јавниот простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Зоран Попоски потекнува од дел на Европа кадешто идејата и политичката реалност на границите во изминатите децении се стекна со ново и честопати проблематично значење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)