од (предл.) - елек (имн.)

Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— И се позаврте настрана, се исекна крај пангото зад себе, ги истресе бурмутот од елекот, го избриша секогаш полниот нос со бурмут и му довикна на Мечето: — И два чаја за нас со стрика ти Милана, Мече, — и продолжи со разговорот: — Та така, Трајко, а?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Луков ги става во џебот од елекот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Арсо го отпетла синџирчето од елекот за да му помогне на чуварот бргу да му го извлече часовникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)