од (предл.) - жал (имн.)

Од срам, или од жал, не ѝ рекоа дека Јован нивни се потурчил, туку дека го зеле во војска и дека кога ќе се врати бездруго ќе ја повика неа за да ја земе за невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тоа што Јанческите не знаеја или не сакаа да кажат како изгледал и што зборувал ајдутинот, (Велеа од што биле обземени од жал за стрика Анѓела и од што се стаписале од страв кога влегол ајдутинот низ Мала врата сега додаваа сам си отворил, не виделе како изгледа дури одвај и разбрале што им зборува), и тоа што не лавна ниту пес и што не шавна ништо друго што е живо, и тоа што утрото не се најдоа никакви траги ниту од Бошета ниту од ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со коси спуштени, се фрли ко Менада бесна врз мртов син од жал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И неможејќи да ја издржи болката од жал за манастирот, отец Никодим го напуштил игуменството и се затворил во испосничка ќелија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така седум години провел во ќелијата додека не му озгорело срцето од жал за манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Море ти си коба! Ти си чумино дете! - му свикаа некои од селаните обземени од жалта за своите умрени и од страв од болеста го зграпчија да го фрлат во варницата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во тоа време разбрале за децата сирачиња, а таа се расплакала од жал.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сите мислеле дека се помрднал од умот од жал голема по таткото и никој веќе ништо не го прашал за тоа собитие чудно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од старост или од жал по стопанот, во една ноќ пцовиса и Благоевото куче Клисар, а ќерка му, сипаничавата Савка, се омажи во своите триесет и две години за еден вдовец со пет деца, во некое село, чинам, Челопек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дали сѐ уште од љубов или само од жал?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но бичкиџиите, од жал или од грев, само ја забавуваат пилата, му го продолжуваат стравот. На Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бидејќи било многу рано, уште не беа развражале куќните луѓе, само татко му беше излегол во двор, со прво него го видел и од жал што му паднало се расплакал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Силјан ги слушал тие зборови од жената си и срцето му се корнеше, од жал што му идеше; арно ама канонот, што бил даден треќата вечер, требало да го трга.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Марија во мигот заплака. Од радост. Од жал. Нерешителност.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И Трајко писна и затажи. Го поведе татка си под рака и не знаеше кој повеќе е отепан од жалот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ој ти, Вардар, шуми, играј, шуми, играј од жалови, додека ни стари мајки глуво шетат низ дворови и со шепот низ ум трештен чеда свои споменуат.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Нели Раткин глас ми дочу таа ми ти пуста гора, од жал, леле, лисја рони и на Ратка кротко збори: „Дејди, Радо, пиле младо, што ал, Радо, ми те најде, та сред тоа ноќно време тага виеш, с’лзи лееш?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
И готов е и по подот да се валка од жал и несреќа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Бидејќи старешината Раде, како и готвачот, не му дозволија на Винко да го земе на логорување, Винко сите ноќи пред одење на логорување не ги преспа од жал за Џеки, од жал да го остави само дома, да пека и да го бара, зашто беа неразделни; никогаш не го оставил само.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ами ако жали за својата мајка и умре од жал?!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А којзнае дали од жалта плачевме заедно со кучињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали од жал, или ракијата го тера.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кучето може и да пцовиса од жал за тебе, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Има, вели Мисајле Ковачот, ама има и куче што знае да ти тажи на гробот и од жал да не јаде леб, вели, и да не пие вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)