од (предл.) - игра (имн.)

По којзнае кој пат уште еден пораз но поразот не значи изгубена битка учен е народот поразен да биде но за инает не се откажува од игра
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
ГРИНАВЕЈ: Не смееме да заборавиме дека создавањето и гледањето филмови исто така е една од игрите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дел од овие книги на Климент Камилски му беа познати од играта покер, кога, очекувајќи карта, се загледуваше во нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не минаа две-три тури од играта, газдата на арабаџиите го нервираше бавната, речиси неподвижна игра на старите играчи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сеќавав на тие мигови кога во судницата, на масата со излижана маслинеста боја, се шеташе бледа неонска светлина, заминувајќи на десно, паѓајќи на подот, по паркетот, и пак враќајќи се од левата страна на масата, повлекувајќи ме и мене низ нејасни сеќавања за неизвесноста на кружното движење што од игра со сласт и страст се претвори во вител на силна и матна вода во која се губи свеста и престанува постоењето кое толку многу го сакав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И - моето бротче од стиропор со меурчиња наместо пукнатини со од патишта и патила невидлива патина Весело морско коњче, од игра помалку уморно во правците на светот неопитно од светот тркалезен и чудесен восхитено К'о икра за плодење тоа за копно копнее.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Искрено ќе ви речам, пишувајќи ја книгава имаше моменти кога пишував и се радував како дете, восхитен од играта со зборовите, од решенијата итн.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По презривите погледи на шаховската толпа, се тетеравам, на работ од бездната, се наведнувам, паѓам, дрвена фигура, испадната од играта.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сличен на мудроумен и видовит старец, збрчкан од тежини што му ја притискале преморената душа и бушав од игра на ноќни ветрови, Лозан Перуника дошол на испотен шарколија и ги избројал пред насобраните луѓе и жени гробовите што живите од дружината им ги ископале на мртвите: останале патем рабите божји Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јанко Крстин, Пеце Димовски, Борис Калпак, Симон Наконтик, Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Пандил Димулев, Никола Влашки, Сандре Самарија, Самуил Пендуш, Филип Макариев, Никифор Ганевски, Илчо Просинек, Каменчо Скитник, Орлен Шумков и Јаков Иконописец, кои со ранетите Чучук-Андреј, Метуш Батковец и Цене Папчев можеле да бидат прогласени за дваесет свети и пресвети маченици, безбедниот Јаков Иконописец, без тој апостол со душа на вероизмамник од чиј оган горел Круме Арсов (ако починал, бог да го прости), и отишле или бегале од дружината Васко Тушев, Цуцул Мицковски, Осип Сечковски, Салко Вадидуша, Трипун Караѓоз, Гидоен Кузмановски, Блаже Задгорец, Марко Марикин, Пане Долгманов, Кирил Сукаловски, Јордан Шоп и последниот, сѐ уште негде на пат, Спиро Првославец, ако е некој виновен - господ нека му суди и се враќале со камења за неколку воденици и со тројца ранети Онисифор Проказник, Јован Стојче-Столетников, Герасим од Побожјане, Богдан Преслапец, Лазар Аргиров, Наџак-Јанко, Арсо Арнаутче, Цветко Грнар и Богоја Гулабарин, споулавен и зол колач на беспомошен раненик, и еве го него, Лозан Перуника, гладен и жеден гласник, од чие бавно и тешко редење на имињата до бога раснеле тажачките на жените и плачот на децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веста била удар од кој можело да се падне ничкум и да се гризе камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можев да се ослободам од впечатокот дека секој негов гест претставуваше дел од играта што тој и Јана договорно ја практикувале.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Напладне, кога ние децата бевме обземени од игрите во дворот, мајка ми ќе ги собереше последните сили, па од брашното донесено од татка ми, се обидуваше со нови волшепства, со играта на своите прсти, кои како да не го имаа заморот на телото, во пресметувањето со секогаш истото тесто, да ни подготви нов ручек, различен од вчерашниот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од играта со вртипопот, излезе дека треба да го стави медалот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Помисли дека и без да сака дозволува необичниот дури и срамен оган од играта на Радуле и Стојна да ја зафати, поточно на посреден начин да ја помилува и неа?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)