од (предл.) - карпа (имн.)

Се разнесе грмогласно „ураааа!“ од четиристотини грла и залпови од пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Говорот што го одржа командирот, го крена ветерот и го растури низ клисурата, го разби од карпите и го одвеа по трапиштата ко песок меѓу прсти...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И кога Фимка се доближа и скоро застана до неа, девојката подаде кон неа рака обврзана со окрвавен завој, погласно залипти и низ липтежот одвај чујно изусти: - Мајко.., мила, мајко моја... таа толку тивко прозбори што се чинеше дека ветерот некаде од далеку донесе само шумолење од глас, го удри од карпите и стеблата и го растури меѓу тревјето во лединката распослана под сенките на високите борови и само делче од него стигна до Фимка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но братучедите и не брзаа. Кога мислењето почна да ги заморува, Србин седнуваше под еден даб, ќе ја тргнеше капата над очи и ќе замижеше, а Шишман со ред, како да плеви, го корнеше мовот од карпата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потем три дена се молеше Богу во својата пештера и на четвртиот ден тргна вода голема од карпата, од Папокот на светот: вода студена, изворска, кладенец студен среде врела пустина!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот ја собираше водата од карпата, правеше кал и потем, од калта сочинуваше плочки меки; потем се качуваше во кошницата што беше висната над бездната; од кошницата, исправен, на прсти од нозете истегнат, со прсти од рацете сосема испружени, со крајни сили ги лепеше калните плочки врз првиот ред и добиваше отисок од сочинението.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа не беше ѕид, туку рапавина од карпа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Долгиот реши. Го натера Глигора да застане под самата дупка, се искачи на неговите рамења, се фати за горните рабови од карпата и, виткајќи го змиулесто тенкото тело, се извлечка надвор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му беше некакво залажување, сето тоа вабење од карпите, не сакаше никого да го прелажува и никого да го моли, го отфрли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се молел пред умирање Симон Наконтик. Луѓето, свикнати да измислуваат молитви, да се сожалуваат или да бараат сожалување, и не го слушале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој навистина, додека Онисифор Проказник со уште двајца отишол да го земе скриеното оружје на оној бег и на неговите измеќари со кои се колеле во куќата на немата Ганка пред да влезат во Лесново, седнал под стар орев и умрел говорејќи, зачудо смирено и без страв, дека не умира од старост, дека на дружината крлешки ѝ се залепила црна чума или проклета утеха: болката го одбрала него за да ги предупреди дека ни најумниот не е достатно силен да ја победи: злото ни секира го сече, ни нож го дупи, ни можеш да го зграпчиш за уши и да го урнеш од карпа в бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лево од нив, меѓу расфрлени карпи, ги демнел некој невидлив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се разбегале и не легнале кој каде ќе можел да ја засолни главата, измршавени и изветвени, со ненадејно чувство на папсаност, а Васко Тушев, забест божем под подотворените усни држи парче пресен кромид, се веднел над својот баџанак, нем и сув, додека од карпите се разнесувал гласот на оној што стрелал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На еден знак од поп Јакова пукнаа залп од стотина пушки, а од карпите се разнесе страшна викотница како онаа есеноска од врбјаците на Светецот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Сакам да бидам човек, човекот е посилен од карпата!“
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш детето сфатило дека најсилна е работата на човекот, таа е посилна и од сонцето, од облакот, од ветрот и од карпата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)