од (предл.) - комунист (имн.)

Тие информации резултирале со испраќање британска воена и материјална помош на единиците на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Божем да се бранел од комунистите, а всушност го направија кодош, па тој и тогаш се однесуваше кабадаиски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неговите информации ги исфрлиле на површината партизаните предводени од комунистите како единствени носители на отпорот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште повеќе, што тие согледале дека со нив треба да се разговара како со рамноправен партнер, пред сѐ, со движењата кои биле предводени од комунистите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тогаш, кога ги протераа од Потковицата и од сиот овој дел на Македонија фашистите и кога стапија на власт комунистите, младежта, подгрејувана од нив, од комунистите, ја зафати едно неверување во бога, во црква, во самовили и во сѐ во што, научени од дедо и предедо, нивните татковци веруваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
боже, колку е злоставуван и од фашисти и од комунисти, оставен само по скинати чорапи, речиси бос, подгазувајќи си ги црвените палци со петиците, криејќи си ги напати ко штркот зад колено, спиејќи само на една нога;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа кога избега Митра за него, дека го неќеа жителите на Потковицата, и дека го презираа и него и татка му, татка ѝ нејзин, Ангеле Ризески Козето, како умрена ја редеше, на цел глас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)