од (предл.) - конец (имн.)

И додека загрижените членови на семејството гледаа, тој го дофати памучниот опаш на едниот од малите змејови, го врза околу појасот, го дофати клопчето од конец, ставајќи го едниот крај во уста, им го даде другиот на децата и се вивна горе, горе во воздухот, далеку во мартовскиот ветер.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од конците на новогодишната програма е изоставен само еден случај што се вика Нероден Петко.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Пламенчето веќе го искачува половината од конецот и ние, со Витомира, зинавме за да дуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Извади прво ново кошулче од конец, мора „копитата" кошула, саѓија со срмени кистови, појас, алова фута, чорапи, калци и гуна со чоа. Од шамии најдоа десетина гушалчиња, тулбени, ќилими ...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Григор го испушта врвот од конецот и станува, го гази.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си дојдоа дома. Невестата Митра лицемерно се израдува оти се свршила работата, му изнесе на Илка нови алишта, капа, чевли, нова гуна и сакма од конец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)