од (предл.) - корен (имн.)

Таквите јаничарски елити секоја империја ги подготвува со посебни, радикални методи: но суштинското обележје ќе биде како да ги ослободат идните ешалони на смртта од корените на нивниот прв, мајчин идентитет, од јазикот, верувањето, од рајот на детството...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако е погрешна, може од корен да ти го промени животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подмолија ја клука од коренот облак сив врз ликата ѝ тежи.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И, бидејќи ќерка ми свечено се заколна дека нема да плаче на песната „Црешна се од корен корнеше, мајка се од деца делеше“ ако се омажам, туку напротив, тргнав низ салата да го барам тој, Хелмутот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Стисни ме силно во себе, со силата зголемена со масата или маката во душата и склопи ми ги очите за да го преспијам повторното привикнување на постоењето на другата половина од коренот што се искуба, па сега се сади сам, како триаголник на до вчера самоникнатите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа е некоја посебна доба во која грдоста и убавината се искинати и измешани, потоа врзани како алки на синџир, доба кога на човекот, стиснат во лушпа на треска, му е сеедно дали е во окното на сонот или на јавето, или најпосле, лежи помеѓу нив како меѓа на која 'рти од коренот на минатото една сегашност, секако поинаква отколку што тој можел да ја замисли.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нов свет. Далеку од ова твое место животот од корен се менува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се цепи дрвото, од корен подрипнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од корен нѐ растрои, што се вели, ги поткопа и нашиот карактер и нашите навики.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сети на зборовите на една свадбарска песна... невеста се од корен корнеше... но не беше ни невеста...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
БОРИС: Ќе го превоспитам. (Пауза) Има време да се почне од почеток. (Пауза) Да живееме заедно. (Пауза) Да го измениме животот од корен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Отвора долап со алишта) Ова е лом. Да се преуреди! Од корен треба сѐ да се менува. Ако треба јас ќе ти помогнам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Од коренот на штурите ѕидишта на урнатината подѕирнуваше непозната билка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И смрекарките што дојдоа однегде крескаа гласно додека летаа со џапања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И следува констатацијата дека средината во која живеам остава неизбришливи траги во душата, дека повеќе животот не ми изгледа едноставен како што сум мислел порано, дека мојот поглед кон многу нешта од корен се менува, и животот на човекот е темна и празна провалија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Гранки што ги напуштаат стеблата, ластари ослобдени од коренот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Стига да ни намигне од далеку Таа натраплива заводничка, победата, И стрелката на часовникот ќе из'рти од коренот на времето Ќе блесне заслепувачки знакот, белегот, зборот - Високиот неодминлив крајбрежен светилник!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
3. Страшило од корени од жед и од глуварки со лелек од шупливи гради на мртво стебло Ноќта ги негува тешките црни молчења во невидливите градини каде студенее летото Ниту една планина во мојот говор додека се враќам во домот на претците.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ми се гади од коренот на сите зборови, од способноста да молчам; од сите застрашувачки мисли кои во моментов ме предупредуваат да престанам со гадењето -или- ќе ми се случи нешто толку гадно во однос на кое сето ова е ништо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се виде: ќе нѐ корне болеста, од корен ќе нѐ корне, ќе нѐ треби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)