од (предл.) - коска (имн.)

Беше свесен за својата грдост, за својата несмасност, еден врзоп од коски во нечиста долна облека, седи и плаче под острата бела светлина: но не можеше да запре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чувствуваше слаб. Од коските во неговите нозе како да остана само прав. „Ајде“, му рекоа „И биди мирен. Те чека нашиот шеф.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Така, успеа да го набави рачниот несесер од коска со прибор за шминка, кој му припаѓал на Рудолф Валентино.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Некои од коските до половината или повеќе закачени в земја, недоизлезени.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И од коските пот ми излегува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни ги кине алиштата, ни го дели месото од коските.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека ни се заделува и кожата од коските.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седам и квачам дури и не знам Дали ќе е ова уште еден Циркус Принтипрам* И дали ќе се испили беден или вреден стих од ова што се мачам доцна во ноќта – ѓупка кога напрегам гради и срцето тихо тупка во оклоп од коски А мојата душа расчленета Ко Лајбницовите Монади Моли: – наслони се стиху на моите мисли ко дете на мајчини боски 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Смеата можеше да му се види со очи: од устата му шибаше коњска пара.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знаеше дека пред тоа треснав со плешки на земја заради истоштеност што почнува кога ќе ти се стори дека колениците ти се испразнуваат и стануваат клобуци од коска ненадејно истанчени пред некое распрснување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А од што е таа слатка супа? – се кикотат децата. - Од коски... од коски од мраз!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ги мијам и си шепотам: излези болесиште од коските во месото, од месото во косата и во ноктите и оттаму појди во реката и оди по река, дури да те изедат рибите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Телото е поставено во сенката на ракетата и гласот вреска низ безводните катакомби од коски и гримизните напливи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)