од (предл.) - круг (имн.)

Овој синоним се однесува на псевдонимот и на маличната функција. Baigner, капење, значи уште и допирање, обвиткување, така што се добива впечаток предизвикан од круговите на оптичките дискови кои се наоѓаат во спирално движење. DE GROS THE ја сугерира јамата grotte, што може да биде и вагина, и поради тоа BAINS DE GROS THE (соковите на вагината), веќе претставува алузија на сексуалниот однос.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој седеше повисоко од другите и со показалецот го сечеше воздухот во сите правци, но секогаш кон одредено лице од кругот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И во овој толку краток збор таа не може да најде излез од кругот на секојдневните јадови и чемери.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Споменот за синот како камен ја влече кон дното на очајот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крсто, стопанот нејзин, повеќе навреден отколку желен да спечалува, млада ја остави со единствениот син и замина за Америка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го заобиколи трњакот и влезе во питомината на која до пред една недела, изгледа, не беше ожнеана пченицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беше обземен од дилемата на својот живот: како да најде излез од кругот на утопијата, југословенската комунистичка утопија, која дотогаш убаво функционираше и му го осмислуваше животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Клара и јас бевме дел од оние на кои им беше дозволено во групи, во придружба со болничари, да излегуваат од кругот на болницата и да прошетаат по градот, но сепак ни таа ни јас никогаш не посакавме да излеземе од Гнездо, останувавме со оние на кои им беше забрането да излегуваат надвор од психијатриската клиника.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои го молеа доктор Гете да ги пушти, барем на неколку минути, да излезат од Гнездо, ги склопуваа рацете и паѓаа на колена пред него, но тој не попушташе, сеедно што некои од оние кои го молеа беа мирољубиви, и никакво зло не би направиле надвор од болницата, ниту пак би побегнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти која од јарецот и бикот Ти која од ракот и рибата Ти која од лавот и сонцето од орелот и змијата од мајмунот и мачката од кругот и крстот правиш митос правиш поезис правиш космос! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Татко, вратен од Турција, излегувајќи од кругот на хиерархијата на новите властодршци, од врвното место кое му беше посочено од неговиот славен вујко, прифати, во еден период, да биде судија на монархискиот режим на кралот Зогу I.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)