од (предл.) - летување (имн.)

Баш е себичен! И бездушен!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откритие Зоки Поки се врати од летување. Додека стаса дома тој сѐ трчаше по улицата, трчаше по скалите и така трчајќи се втурна и во собите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
До таванот! Полн-преполн. Гонцо, како во филмовите!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Замижи ги очите! – ѝ реков веднаш штом си дојдов дома од летување. - Сега отвори ги!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислевме, брат ми, како кога се враќаме ние двајца од летување, ќе се израдува на фрижидерот, а особено на кока-колите и сладоледот, ама, ете ти изненадување: - Да знаете вие колкав фрижидер имаа тие во Лондон каде што живеев!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во дланката ми блескаше нејзиниот прстен и ми се причини уште поубав одошто кога го гледав на тезгата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И мене не ми се враќаше од летување, а сепак одвреме-навреме се разжалостував и ми недостигаа моите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)