од (предл.) - магаре (имн.)

Пците му се назагнаа и да не беше полно торбето со леб, ќе го симнеа од магарето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедо го донесе натоварено мртвото јаре на самарот од магарето Марко.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ќе појдам на нива и скришум ќе ставам едно снопче во седелјето од магарето. На самарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дршка ми се само воѓите од кравата и од магарето. Јажињата нивни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се фатил Итар Пејо за глава, пак слегол од магарето што го јавал, ја ничкосал главата и почнал да плаче, вика, туфка, аман Господи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мрморењето се повтори, потрети, и кога Крсте ги фрли очите во посока од каде што идеше гласот, уште малку што не падна од магарето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Селџуците ја покоруваат Азија, а латините – сиромаси ги чуваат влакната од магарето на пустиникот Петар како залог за светата војна и сонуваното богатство.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И фатил да брои. Едно, две, три, четири, пет, шест, седум... Едно му нема! Се исплашил Итар Пејо и од страв слегол од магарето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)