од (предл.) - мозок (имн.)

Но, тој тогаш не го измери значењето на зборот. Јазикот му беше побрз од мозокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека видот одново му се изоструваше, тој се сети кој е и каде се наоѓа и го препозна лицето што гледаше во неговото; но некаде во неговата глава постоеше голем празен простор, како да му е извадено парче од мозокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Та ти не си Роска, на која устата ѝ е побрза од мозокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакаше да ја симне пушката од рамото, но рацете не се потчинуваа на наредбата од мозокот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некако, во тие момент, толку добро ми се запечатува тој дел од мозокот и мислите не можат да излезат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Електронската меморија овозможува податоците што се складирани во неа без напор да се бришат: таа полесно заборава од мозоците.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Славица, свесна за избрзаната реакција, си ја поткасна устата; самата се прекори - устата ѝ беше побрза од мозокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)