од (предл.) - неизвесност (имн.)

Се враќаше од неизвесноста нашиот голем спасител.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Замелушен од тешкиот, сега јасен жиг на настанот, од планинската самотија, од неизвесноста, се чувствуваше како ненужно црно стебло на нечиј пат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Татко, полека, се смируваше од првичната возбуда и од неизвесноста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)