од (предл.) - постапка (имн.)

Попот Ставре почна да се крсти, возбуден од постапката на мајсторот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беренц ја подаде главата во знак на прашање што никако не го изговори. „Ме побаравте господине Беренц...” - спокојно рече Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тој след од постапки на градоначалникот, Беренц препозна блага нервоза и желба за одлагање на средбата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Па жалат ли се пари за ваков ќејф...“ - се тргна дајреџијата од моментното, предизвикано од постапката на докторот Петриќ, тешко чувство, му се насмевна на директорот и сам турна од масата една сребрена десетдинарка што беше падната пред него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)