од (предл.) - правец (имн.)

Долу зад трансформаторот врвеше потокот што доаѓаше од правецот на црквата горе и овде врвеше низ мала песочна рамнинка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас и самиот, доста подоцна и претпазливо, кога работите малку се смирија, отидов од правецот на Гупешкиот манастир, да го засведочам местото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Доаѓаше од правецот на ходникот, каде што беше тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гласовите доаѓаа од горниот дел на Маказар, од правецот од каде што доаѓа реката од под планинските падини што ги сече новиот пат, спружен наместа на стариот Виа Игнација, а наместа крај него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тоа време идеа банди од албанско, од правецот на Пустенец, крадеа и убиваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Без водата од правецот на Дарван, ние сме осудени да се сушиме како риби на сонце, местово ќе стане само песок и пустина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Луѓето што одеа од правецот на Сината Планина кон Долнец, многупати сечеа попреку низ ливадите покрај реката што го полни езерото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)