од (предл.) - прапочеток (имн.)

И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем: светлина звучна со сите бои во неа; светлина што кога влегува во секое нешто, неговиот зрак му го вдахнува и го обојува со бојата подобна за тоа нешто, светлина непроменлива, од прапочетокот, а променлива во стварите кога ќе влезе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од прапочетокот, од првиот разлог, од сѐ што создал тој, од видливото и од невидливото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)