од (предл.) - прашање (имн.)

Тој не можеше да не го запраша Татко: Дали имало во историјата слична заедница меѓу христијаните, муслиманите и Евреите?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татковиот пријател беше обземен од прашањето: како христијаните, Евреите и муслиманите можеле да живеат заедно, дури во иста политичка заедница во меѓусебна толеранција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Колку години имаш? со отсутност на нељубопитен човек прашал Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Можеби триесет и шест, можеби триесет и седум, се изненадил од прашањето Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мамо, тета Деспина си нашла момче? беше едно од прашањата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Молчев. Поточно бев изненаден, но не од прашањето на Зрновски, туку од чудната ситуација во која се наоѓав: наеднаш открив дека сум седнат на еден од столовите во приемната на Стариот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И најсериозно се прашував: како може да се случи да сум овде, кај Зрновски, кога знам дека седам во аголот на нашата соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Милошевски умре в затвор. Велат дека не успеал да најде одговори на некои од прашањата што му ги поставувал од ден во ден упорниот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа глетка ја гледам и најаве и во сон и мислам дека никогаш нема да успеам да се ослободам од неа и од прашањето: од каде ли толку дива и фанатична, слепа и студена, жестока и јаросна омраза и толку дивјачка жед за убивање?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само не можам да се ослободам од прашањето што постојано ме гризе - кој е крив?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татко ми беше видливо изненаден од прашањето на Чанга, поставено толку умно и во духот на татковите главни мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
МЛАДИЧОТ: Сторете нешто повеќе од прашање. Ви се молам. Настојувајте. Никогаш нема да Ви го заборавам тоа.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Јас кажав сѐ што знам. Не се сеќава точно но му се причини дека иследникот беше затечен од прашањето на обвинетиот па затоа ништо не одговори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)