од (предл.) - претпријатие (имн.)

Концентрација настанува со промена на контролата на долгорочна основа, а како резултат на: 1) спојување на две или повеќе претходно независни претпријатија или делови од претпријатија; или 2) стекнување на директна или индиректна контрола на целото или делови од едно или повеќе други претпријатија од: – едно или повеќе лица кои веќе контролираат најмалку едно претпријатие или – едно или повеќе претпријатија, преку купување на ХОВ или имот, со договор или на друг начин пропишан со закон (чл. 12, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Согласно член 34, за повреда на работната дисциплина ќе се смета различното започнување и запирање на работењето за одделни категории вработени, како и сукцесивното распоредување на запирањето или сменувањето на различни групи на вработени или делови од претпријатието.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Она што ја испровоцира В.И. на поднесување тужба, меѓу другото, се и неуспешните протести што биле спроведувани во однос на лошиот третман спрема вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Освен притисокот врз здравјето од тамошната мачна работна атмосфера, постоеше и притисок од страна на тогашната извршна власт – која, според В.И., бесправно земала, давала и продавала дел од производите со кои работела фирмата, а работниците не добивале никаков надомест за тоа!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Забранета е секоја злоупотреба на доминантната позиција од едно или повеќе претпријатија на релевантниот пазар или негов суштински дел (чл. 11, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како недостаток го истакнува фактот што синдикатот од претпријатието не се потруди ниту, барем елементарно, да ги подучи и информира вработените за своите права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)