од (предл.) - рамка (имн.)

А.А. како да излегол од рамките на предвидениот говор. Х.Х. верно следи. Секој секого следи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега кулата повторно зборуваше и зборовите излегуваа од рамките и во делчиња му паѓаа на нозете.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Прекинатото чувство на „изгубен Германец“ (изрека останата од времето кога еден источен македонски град, опкружен со планини, германските војници го нарекле „крајот на светот“) бараше да излезам од рамките на својата еднонеделна потрага по одговорот на големата сложувалка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во „трансреализмот” писателот излегува од рамките на реалноста со помош на архетиповите на научната фантастика (летечки чинии...) што ги употребува на постмодернистички начин.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ќе ја купи гравурата на Свети Клемент, ќе ја извади од рамката и ќе ја однесе дома скриена под жакетот на својата униформа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подробната анализа на оваа суштинска промена на пензискиот систем на Република Македонија излегува од рамките на оваа студија, но ја користиме оваа прилика за да ја искажеме нашата убеденост дека преземањето на оваа реформа и нејзиното вообличување со дадените карактеристики заслужува критички да се промисли и, преку компаративните искуства од останатите земји, да се оцени колку во нејзиното вообличување одигра улога нужноста а колку идеологијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Чкрта по ѕидовите и вели дека сликите живеат надвор од рамките.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)