од (предл.) - свеќа (имн.)

Црквата, иако со безброј свеќи по шанданите и со гроздови сијалици спуштени од кубето надолу со блескотна светлост во нив, како да беше обвиена со самрак, веројатно поради чадот од свеќите и темјанот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Најт Таун се простираше под нас како куќичка за стаорци; од малите прозори продираше светлина од свеќа, со само неколку остри, светли квадрати осветлени од батериски и карбидни светилки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Темнината се витка, трепери и се раскинува во плашливо буричкање со светлоста од свеќата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За него старите велеа дека било остаток од некогашната црквичка, божем чадот бил направен од свеќите што ги палеле во црквичката предците на денешниве жители на Потковицата, а боите остатоци од фреските насликани во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од тоа ја обзеде една замелушеност што ѝ ја помати сликата на сето она што се случуваше додека цврсто не заспа: колку и како не се знае, ама Чана ја раздели топлата чорба од петелот со по малку мевце во неа речиси на сите, ја туруваше во саани, во чинии, во месингани чапчиња, во мисури, никој не ја одби нејзината понуда, дури ни Геле Колишев, деверот на Богородица, ни таа, а нејзините синови ја пиеја како да е чај во големи звучни голтки, колку што се сеќава излезе и надвор во темницата, долу во подрумите и ги стоплила момите на Роса со што таа вратила како благодарност голем грст шеќер во коцки за внучињата на Петра, покрај нив, долу открила и други видеуца од свеќи, и ним им дала иако ѝ велеле дека тие се тука од одамна и дека сѐ имаат, дека не се гладни, дека не се мокри, само понадата на Чана никој немал срце да ја одбие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Низ вратата и прозорците од црквата избуваше чад од свеќите и темјанот и миризбата се ширеше низ целиот манастир како да слегуваше од небото, од бога.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А кога и тоа не ќе помогнеше, отец Иларион ќе му го земеше прстот и ќе му го ставеше на пламенот од свеќата и ќе му речеше: - Подобро ли ти е без прст, или да мислиш на рокчето...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)