од (предл.) - стакло (имн.)

Барем една четвртина од стаклата на прозорците во улицата беа искршени и заменети со картони.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Супермаркетите, плацевите за половни коли, крчмите што имаа правоаголни прозорци од стакло и тули, блескаво новите автомобили, што беа изложени и можеа да се видат низ прозорците од дебело стакло, продавниците за електрични апарати, продавниците за мебел, цвеќарниците, козметичко-фризерските салони, целиот нов трговски центар, кој брзо се изгради, едновремено со геометрискиот станбен дел од градот на рамниот терен, сите наизменично се менуваа и не му разбудија ни најмала емоција и тој не можеше да ги препознае.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се вртиме околу него и гледаме: едното крило е здробено и расфрлено наоколу: опашот е преполовен и искривен како рог; предницата личи на железно буре без капак и изрешетено како решето; од внатрешната страна, над седиштето, кое сѐ уште мирисаше на запалени кожи и гума, светкаа неколку искршени тркалца од стакло и се гледаа стрелки на некакви часовници ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Еден светол Месечков зрак се одби од стаклото на прозорот и полази по постелата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја кренав главата. Сетив дека ветрот се стишал и низ едно од стаклата на прозорецот ја видов големата месечина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во почетокот на дваесеттиот век визијата за едно идно општество, неверојатно богато, неоптоварено со работа, уредено и делотворно - за еден блескав антисептички свет од стакло и челик и снежнобел бетон - беше дел од свеста на речиси секој образован човек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Жолтото јазиче на пламенот се извиваше и бараше излез од стаклото на зачадената ламба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но, Филозофот кажа точно слово за Пелазгиј, и јас, иако во тој миг го мразев, а го мразев оти гледаше низ нас и во нашите срца и утроби како да сме од стакло, знаев дека Пелазгиј не веруваше во себе, и дека затоа не можеше да верува ни во Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)