од (предл.) - уплав (имн.)

Овдека, во Лазарополска црква, во која Ѓурчин бил насликан како јава на коњ, се чувала Ѓурчиновата сабја (лекувала од уплав, им ги олеснувала тешкотиите на родилките и тешкотиите при умирањето на оние кои грешеле во животот) и книгата, во ракопис, што сам тој, Ѓурчин, ја напишал за себе и за својот живот, а во која ги споменувал и нив, жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така во една прилика рече самиот тој, жена ми, рече, е болна од уплав. Нагазила навечер на шип.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нешто од инает, нешто од завист, ама нешто и од уплав да не остане сам и да не се случи некоја тепачка, па грнците да летаат на сите страни како јаболка на свадба, или како црпки по река.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дали каснале залче? Или од папсаноста ги фатил сонот? А може и од уплав?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ете, тоа е човекот - грамада, смеа и плачење, борба. А едно грутче земја го надживува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак некои од луѓето можеле да наслушнуваат брзо чукање, скржлаво во звукот, тивко; тоа или земјата си го одбројувала крајот или нечие срце било пред молкнување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мојот тест не беше стар, Лозане. Умре од уплав.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ненадејно еден глас чудно издупчен од ветар и од уплав, и пак со дива вера во себе, брзо, побрзо отколку што може да се изговори, рекол - Господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Којзнае колкаво ќе ѝ се стори кога ќе ги отвори очите, не само што ќе премре од страв туку може и да поболи од уплав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дотрча зазбивано во училиштето и коските ни ги стресе од уплав.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)