од (предл.) - цвет (имн.)

Судено му е на мажот да лета од цвет на цвет, да го собира најслаткото во нив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Цветовите кои умираат имаат потреба од градинарот, но градинарот има уште поголема потреба од цветовите кои умираат од жед.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Како пчеличка, од цвет, на цвет! - вели тој гледајќи во Билјана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зошто плодот да се смета полош од цветот ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си играше, по патот, како децата со откинување на латиците од цветот - вртипоп: може - не може, да го ставам да не го ставам медалот! Така, играјќи несетум, стигна до седиштето на Партијата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се загледав сега во сарделата и забележав дека лисјата ѝ венеат и ливчињата од цветовите брзо отпаѓаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ќе има, реков. - Ќе има ливчиња, а од цветовите ќе се родат праски. Сето тоа ќе биде твое.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ибн Тајко остана со зината уста додека дубровчанецот џбарна во кожената торба што му висеше крај колкот, протарашка внатре и извади оттаму дебела книга во раскошни корици, украсена со сребрени налепници од цветови и лисја. „Дваесет аспри”, рече скромно. „Дваесет аспри?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)