од (предл.) - џамија (имн.)

Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оџите од џамиите се јавуваа веќе двапати, гледајќи одозгора во ноќта како буфови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По локумот и кафето, владиката му вели на нашиот: - Велиш црква да има сред село, ама на повисоко место од џамијата?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од џамијата што го покажува својот остар врв зад ридот се провлекува молитвено виење. Време е, другари, време е!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога заврши тоа, донесоа еден сандак од џамијата, го затворија телото во сандакот и на горниот дел, кај главата, ставија одозгора фес, колку да се знае дека покојникот е маж, а не жена.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)