од (предл.) - близок (прид.)

Од друга страна пак, бидејќи овој дедо Стале беше неписмен и не можеше да стане поп, тој имаше многу мерак барем некој од неговите блиски да се изучи и да биде поп во некое од блиските села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Посебниот карактер на романската пропаганда се потврди и од блиските настани со настапот на оружената четничка акција на пропагандите, кога романската, како пропаганда на земја што нема заедничка гранична линија со Македонија, во таа форма главно и не се изрази.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вие најчесто ќе биете од блиско растојание, а можно е да биете и авиони кои летаат ниско, на височина од петстотини метри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа, либадето, појасот, кошулата на нејзиниот Крстан, за кого ѝ позавидуваа не само момите од нејзиното, туку и од блиските села.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Силен пукот од бомби се слушаа од блиското село Арачиново... Го гранатираат...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од блиската џамија, оџата пееше на микрофон со солидно озвучување, веројатно затоа немаше мажи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Работната атмосфера стана особено тешка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Греењето во работните хали потполно се исклучува, а работниците се приморани сами да прават грејни тела, да собираат гранки и да сечат дрва од блиската околина, како и од фабричкиот двор, па дури и да горат стари камионски гуми – со цел да се стоплат во текот на студените зимски денови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Во прво време ќе го чистиш дуќанот, во летните денови ќе го прскаш сокакот пред дуќанот и ќе го метеш, ќе носиш вода од блиската Капан-чешма, ќе носиш разни работи дома, за ручек ќе донесуваш јадење од дома.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога поручаа, Горда стана да си оди, но железничарот ја предупреди дека го испратил последниот патнички воз за дента, а жената ја кандисуваше да преспие кај нив, додека најпосле не изнајдоа дека токму сега поминува шинобус за кој треба да се доплати, па Горда набрзина се испрати со нив, го бакна детето во сон и истрча да го стаса писокот што наидуваше од блискиот свиок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Околу нас веднаш се насобраа неколкумина од блиските клупи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ноќната тишина ја сечеше острото и нерамномерно дишење на заспаните деца, а, одвреме-навреме, се слушаше мекањето на козите од блиските соседи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Каде и да одеше, кого и да убедуваше од власта, а во партијата немаше пристап, брзо ќе завршеше како сомнителен, ќе го испитуваа, ќе копаа по уште незалечените рани од блиското минато.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од блиските планински предели, селаните што не беа вклучени во „доброволните” работни задруги, доаѓаа во градот со своите верни кози, со надежта на властите дека од овчари ќе станат брзо работничка класа која треба да ја доврши социјалистичката револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ервехе си го најде местото меѓу ученичките чие хорско пеење допирало од блиската училница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко ја полеа по челото со лимонова колонска вода, од шишенцето кое Мајка го чуваше како вистинска амајлија, донесено од блиски Таткови роднини од Цариград, при нивните ретки посети.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во времето кога маслинките дозреваа, илјадници работници од блиски и далечни краишта доаѓаа да ги берат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)