од (предл.) - емигрантски (прид.)

Тој се премисли, ја спушти чашката и продолжи: - Не заборавај, ти си излезен од оваа земја, од емигрантско семејство, твоите зборови тежат повеќе од другите тамошни сонародници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А да го стореше тоа, беше свесен дека ќе ги разгореше непријателските апетити на своите дежурни непријатели од емигрантските и од јаничарските ешалони.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ограноци на ВМРО (Об) биле формирани скоро во сите поголеми места во поделена Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Создадена е од Илинденската организација, од бившата Македонска федеративна организација и од Емигрантскиот комунистички сојуз.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)