од (предл.) - замислен (прид.)

Но тој како да одеше подалеку од своите мисловни хоризонти, вовлекувајќи се во нови интелектуални загатки, чувствуваше дека големата дебата што ја отворија со својот пријател да ги бележат зборовите со опасна конотација, одеше многу подалеку од замислената мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLV На Климент Камилски, по првите претставени зборови на Татко, посебно по поимот кадија, му стануваше јасно дека нивната мисија добиваше сосема друга смисла и застрануваше од замислениот правец и конечната цел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Претставените зборови задираа длабоко во балканската историја, опстануваа во различните балкански јазици со отомански османски примеси, како живи елементи, кои не беше лесно да се искоренат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Попот ја зема гитарата, и потпомогнат од замислениот глас на Мадона, ја испеја „Лајк а вирџин“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И само е предупредување што „Непознатиот:/Див,/Молачлив,/Суролик.“/ го извива ова знаме на закана над сѐ што било, е и ќе биде во суштина на песната и во нејзиното повратно случување врз дел од замислената слика на нејзиното постоење.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Камбанаријата го означи почетокот на новиот ден, а со тоа и на новите предизвици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)