од (предл.) - кучешки (прид.)

Секогаш носеше панталони и високи чизми во кои имаше пикнато камшик со кој плускаше по кучињата за да ги смири, а често и без потреба плускаше и низ просториите на Пансионот; носеше елече од кучешка кожа со црни и бели дамки што беше упадливо од далеку; во џепчето носеше шишенце со мирис со кој повремено се стркаше штитејќи се од реата на кучињата; косата секогаш ѝ беше врзана одзади во опашка која при одење ѝ се мавташе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Наеднаш Пансионот започнува да одѕвива од кучешки лаежи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А и персоналот носи капи од кучешки кожи за распознавање и како симбол на Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го носи истото капче од кучешка кожа, а имитирајќи ја газдарицата Хера, стави и елече од кучешка кожа, обу и чизми и внатре забоде камшик со кој плуска кога го дресира или кога сака да го смири, да му оди по волја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ми се чини дека гледам череп од кучешка глава. Чума.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно затворање во аргачот, запалив оган, се стори жар и по еден жар кладов во дупките од кучешкиот апеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)