од (предл.) - никаков (прид.)

Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше неопходно, зашто освен со директно распрашување поинаку не беше можно да се дознае кој каде живее. Не постоеја именици од никаков вид.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имале право во Нешнал ривју што сметале дека немало потреба од никаков коментар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)