од (предл.) - остар (прид.)

Косата му беше мошне светла, лицето природно румено, а кожата огрубена од остриот сапун, тапите жилети и од студот на зимата која штотуку заврши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На Рожденката не ѝ откина од острото око овој настан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На 30 март му се вратија главоболките. Најнапред најавени од остар писок во главата, уште понеснослив од оној од локомотивите што го означуваа успешниот крај на неговата мисија, само таков што не сакаше да престане.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Разранети им се копитата од острото камење на бескрајните друмови на историјата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Винстон Смит, со брадата спуштена на градите за да се заштити од остриот ветер, се протна брзо низ стаклената врата на Станбената зграда Победа, но сепак недоволно брзо за да спречи еден вител од песочен прав да влезе заедно со него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Суштеството беше премногу запоставено, желно за мирен сон, гладно за духовна храна, премрзнато од студените погледи на Еразмо со кои секојдневно беше шибано, како потсвесна самоомраза, небезбедно од острите стрели на стравот на Еразмо, што напаѓаа со налет врз него секојдневно, згора на се, осудувано со самообвинувања поради немоќта да се сака себеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Св. Петка се струполи на земја парче по парче распарчена од острата сабја на бездушникот па ја одведе во Цариград Главата и одсечена уште ни порака испрати тоа и го прочитав од усните усните и подгорени.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тајната на преминот Два бели коњи, едниот на Буда и другиот на Мухамед, и меѓу нив ослето на Исус, секој оглав врзан за одделно стебло.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)