од (предл.) - погрешен (прид.)

Но никогаш не смееме да се плашиме од погрешни избори, тоа е како правење затвор за друг, а самите влегуваме во него, ако не изгубиме ништо, ништо нема ни да добиеме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да се лажеме самите себе си, каква небулоза, каков кукавичлак!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Токму во тој период во Татковиот живот се појави Климент Камилски со својата месијанска библиотека и со својата комплексна и тешко дофатлива и одгатлива личност со цел да го спасува Балканот од погрешните идеи во минатото и сегашноста во сите области на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)